Здравје

Диња- свежина и здравје во топлите денови

14.07.2023 09:03

Освен што има убава боја, што е вкусно, што има малку калории (една голема диња има 274 калории) и што изобилува со хранливи материи, ова овошје има и голем број здравствени придобивки.

Дињата е дел од фамилијата Cucurbitacae, што вклучуваа краставици, тикви и долга листа на слични овошја на нив.

Ова овошје е застапено во Кина, САД, Турција, Египет и Иран. Содржи витамини како Ц, Б1, А, Б3, Б6 и К, влакна, фолати, бакар, магнезиум и калиум како и други хранливи материи како јаглехидрати, шеќер, натриум, минерали, масни киселини, аминокиселини и др.

Освен што има убава боја, што е вкусно, што има малку калории (една голема диња има 274 калории) и што изобилува со хранливи материи, ова овошје има и голем број здравствени придобивки.

Има антивоспалителни својства. Ова освежително овошје има кукурбитацини, вклучувајќи кукурбитацин Б и Е од кој двата имаат анти-воспалителни својства. Тие се познати како антивоспалителни смеси кои ја олеснуваат болката и симптомите кои ги предизвикуваат воспалителните болести. Го зајакнува имунитетот. Дињата има каротини, витамини и антиоксиданс – кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат болести и инфекции. На пример, еден специфичен каротеноид – бета каротинот кој е одговорен за зајакнување на имунитетот и спречување на хронични болести. Ги заштитува очите, дињата е полна со хранливи материи кои ги заштитуваат очите – бета каротин, А витамин, Ц витамин, лутеин и зеаксантин. Ако никогаш досега не сте чуле за последново, оваа хранлива материја е важен каротеноид кој го апсорбира ретината. Таму, таа овозможува антиоксидантни и UV филтерски функции.

Секое овошје што има каротеноиди е добро за очите. Некои истражувања покажуваат дека тие го намалуваат деструктивниот процес кој се случува во ретината – т.е. процеси кои водат до макуларна дегенерација.

Други истражувања нè потсетуваат да бидеме внимателни со недостатокот од Ц и А витамин што може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, згуснување на рожницата или во најлош случај, слепило. Ако сакате да го спречите развивањето на овие нарушувања, веднаш започнете да јадете диња или други овошја полни со каротеноиди. Го нормализира pH нивото во телото. Алкалната храна го нормализира pH нивото на телото, а дињата се смета како дел од алкалната храна. Овој тип на храна помага pH вредноста да се врати во нормала. Дињата и другата алкална храна можат да го заштитат вашето тело од воспаленија и болести, бидејќи се верува дека болестите потешко се развиваат во алкална средина, за разлика од киселата средина. Помага при слабеење, ако имате план за слабеење, тогаш додадете го ова неверојатно овошје. Содржи само 34 калории во 100g и има високо ниво на вода и хранливи материи.