Продолжува наездата на бегалци од Блискиот Исток и Африка

02.12.2013 13:32

На железничката станица Гевгелија, царинските службеници со полициските службеници од граничниот премин, спречија обид на тројца патници нелегално да влезат во државата.

Во вечерните часови на 27.11.2013 година, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција-Австрија, под полуприколка натоварена на еден од вагоните, биле пронајдени тројцата илегални мигранти, државјани на Авганистан. Според нивната изјава, намерата им била да стигнат до Австрија.

Илегалните патниците биле предадени на службата за гранична контрола на железничката станица.