Украина-Русија

Путин: Русија го раскинува Црноморскиот договор за жито со Украина

14.07.2023 09:46

Укинувањето на западните санкции за Руската Земјоделска банка за да ѝ се дозволи да го користи платниот систем SWIFT е еден од руските услови...

Русија нема да го продолжи Црноморскиот договорот за жито со Украина, кој истекува следниот понеделник, освен ако Западот не ги исполни барањата на Москва. Укинувањето на западните санкции за Руската Земјоделска банка за да ѝ се дозволи да го користи платниот систем SWIFT е еден од руските услови.

„Може да го прекинеме нашето учество во договорот. Ако уште еднаш кажат дека ги исполнуваат ветувањата што ни ги дадоа, нека ги исполнат тие ветувања. И тогаш веднаш повторно ќе се приклучиме на договорот“, изјави Владимир Путин-Претседател на Русија.

Рускиот претседател изјави дека новите испораки на оружје за Украина нема да променат ништо на бојното поле, туку само дополнително ќе го ескалираат конфликтот.