Индонезија

АСЕАН со порака да се почитува меѓународното право

14.07.2023 09:53

Во Џакарта стартуваше 13-от состанок на министрите за надворешни работи на самитот на Источна Азија...

Во Џакарта стартуваше 13-от состанок на министрите за надворешни работи на самитот на Источна Азија.

„АСЕАН не смее да биде арена за конкуренција. Не смее да биде застапник за ниту една земја и меѓународното право мора постојано да се почитува. Поради оваа причина, очекуваме вистинска работа и поддршка од нашите партнери“, изјави Џоко Видодо-претседател на Индонезија.

Државниот секретар на САД Блинкен беше присутен на пошироката средба со членовите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија, заедно со министерката за надворешни работи на Австралија Вонг и министерот за надворешни работи на Русија Лавров. Теми на разговорите се војната во Украина, Мјанмар и глобалните предизвици.