Хрватска

Ставен под контрола пожарот во Шибеник

14.07.2023 09:58

Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник е ставен под контрола. Значително е подобрена состојба откако противпожарните екипи цела ноќ се бореа со пламените јазици...

Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник е ставен под контрола. Значително е подобрена состојба откако противпожарните екипи цела ноќ се бореа со пламените јазици.

Со канафери и над 30 противпожарни возила беше интервенирано, пожарникарите успеаја да го задржат новиот залет на огнената стихија.

Жители на околните села и туристи беа евакуирани. Опожарени се неколку домови и возила.