Од денеска во Штип свечено отварање на Балканско првенство во одбојка на песок
Од денеска до недела Штип четврти пат ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. На теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 двојки од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција...

Од денеска до недела Штип четврти пат ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. На теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 двојки од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција.
Македонија ќе има четири двојки, по две во двете конкуренции. Кирил Глаев и Давид Киров, односно Трајче Барбареев и Тоше Ефремов се двојките во машка конкуренција кои ќе ја претставуваат Македонија, додека кај дамите боите на нашата земја ќе ги бранат Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева (МКД-1), односно Моника Костовска и Стефанија Кипријановска (МКД-2).
Фото: Одбојкарска федерација на Р.С.М
