Македонија

Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година

14.07.2023 11:08

Објавен е конкурсот за прием во студентските домови. Слободни се вкупно 4.480 места, во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и во Тетово...

Објавен е конкурсот за прием во студентските домови. Слободни се вкупно 4.480 места, во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и во Тетово.

Од нив, околу 1.100 се за бруцошите. Документите за прием се прикачуваат електронски почнувајќи од 17-ти до 31-ти јули, а студентите од прва година треба да ги прикачат од 1-ви до 11-ти септември.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5-ти септември, а за студентите од прва година на 30-ти септември. Приговорите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена по објавувањето на резултатите.