Путин нареди повлекување на руските војници од украинската граница
Лавров рече дека односите на Русија со ЕУ и со НАТО треба сериозно да се преиспитаат поради кризата во Украина...

Рускиот претседател Путин нареди повлекување на руските војници кои учествуваат во вежбите кај украинската граница и побара од Киев да ја повлече својата војска од истокот на Украина.
Рускиот министер за надворешни, Лавров рече дека односите на Русија со ЕУ и со НАТО треба сериозно да се преиспитаат поради кризата во Украина.
Инаку, за денеска во Брисел е најавена прес конференција на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во врска со кризата во Украина.
Во меѓувреме, Лидерот на проруската сепаратистичка група „Република на жителите на Доњецк“,најави дека парламентарните избори во источниот дел на земјата ќе се одржат на 14 септември.
