Топлото време предизвика зголемена појава на срцеви и мозочни удари
Топлото време причина за срцеви и мозочни удари. Пациентите со кардиоваскуларни и невролошки заболувања навреме да ја земаат препишаната терапија, порачуваат лекарите. Изминативе две-три недели амбулантите полни со пациенти со респираторни заболувања, помош бараат и пациенти со бактериски инфекции и стомачни вируси...

Топлото време причина за срцеви и мозочни удари. И кај матичните лекари и кај специјалистите е зголемен бројот на овие дијагнози. Пациентите со кардиоваскуларни и невролошки заболувања мора да останат дисциплинирани и навреме да ја земаат препишаната терапија, не смеат сами да зголемуваат и намалуваат дози како што знаат често да прават и никако да не излегуваат надвор во најтоплиот период од денот, дециден доктор Ѓорѓиевски.
Изминативе две-три недели амбулантите на матичните лекари се полни со пациенти со респираторни заболувања, што не е карактеристично за овој период од годината, вели доктор Ѓорѓиевски. Но помош бараат и пациенти со бактериски инфекции, стрептококи во грло, во нос, гнојна ангина, стомачни вируси.
Температура над 40 ќе се задржи во наредните денови. Во сила се владините препораки – бремените жени и лицата на возраст над 60 години да се ослободат од работните обврски, а во детските градинки да се избегнуваат физички активности и изнесување на децата надвор. Владата реши овие мерки да важат до недела.
Наташа Јанчиќ Менковски
