Гест за пофалба : Кожув донира за настраданите во БиХ и во Србија

19.05.2014 14:24

Кошаркарите на македонскиот вицешампион Кожув се вклучија во хуманитарната акција за помош на двете балкански земји, кои се зафатени од водената стихија. Како што објави во официјалното соопштение управата на клубот, приходот од вториот “плеј оф“ натпревар од полуфиналето против Работнички ќе биде целосно наменет како донација за населението од поплавените подрачја во Босна и Херцеговина и во Србија.

Ова е уште поголем мотив за граѓаните на Гевгелија да ја исполнат салата “26 април“ во утрешниот реванш меч на Кожув против најтрофејниот македонски клуб, 14 – кратниот првак Работнички. Во првиот дуел во Скопје, Работнички славеше и поведе во серијата до две победи, а со евентуален успех пред своја публика, Гевгеличани би се избориле за “мајсторка“ која ќе се игра во салата “Парк“ во Скопје.