Политика

Мицкоски: Виновник ако задоцни Македонија во процесот на ЕУ е оваа криминална влада

14.07.2023 13:18

Единствено решение од оваа состојба за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се предвремените избори...

Виновник ако задоцни Македонија во процесот на ЕУ е оваа криминална влада, затоа што потпишува договори на слепо и краде. Да беше спротивно, ќе зборувавме за отворање на кластери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ако некој ја изолира Македонија, тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и неспособност да спроведат реформи. Промената на Уставот не е критериум за изолирање на Македонија. Од истите тројца министри вчера добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот „изолирање“, туку „задоцнување на процесот“. На англиски „delay“ ќе има заради тоа што Владата на Ковачевски потпиша договор под бугарски диктат којшто народот не го прифаќа и надвор од политички консензус“, изјави денеска Мицкоски.

Единствено решение од оваа состојба за Мицкоски се предвремените избори.