Холивуд

Синдикатот на холивудските актери почнува со штрајк

14.07.2023 13:26

Запира со работа филмската индустрија Синдикатот на холивудските актери почнува со штрајк, за прв пат по 43 години...

Запира со работа филмската индустрија Синдикатот на холивудските актери почнува со штрајк, за прв пат по 43 години.

Бараат повисоки плати, додатоци од стриминг услугите, како и регулирање на употребата на вештачка интелигенција. На штрајкот на повеќе од 65 илјади филмски и телевизиски актери ќе им се придружат и 11 илјади членови на синдикатот на сценаристи кои штрајкуваа од мај со слични барања.