САД

Обилните дождови во САД направија хаос

14.07.2023 13:32

Во западна Алабама изобилниот дожд предизвика поплави. Голем број патишта, домови и деловни објекти се под вода...

Додека поголемиот дел од Европа се соочува со екстремно високи температури, во САД не запираат поројните дождови.

Во западна Алабама изобилниот дожд предизвика поплави. Голем број патишта, домови и деловни објекти се под вода, слична е состојбата и во Индија. Највисок степен на тревога во Њу Делхи, жителите се евакуираат.

Индиските власти соопштија дека досега загинале 66 лица.