Македонија

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“

14.07.2023 13:33

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.

Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица“, соопштуваат од ЕСМ Дистрибуција на топлина. Додаваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.

И покрај опожарувањето на мостот „Беласица“, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, стои во соопштението.