Комисијата за избор на членови на Судскиот совет се оградува од критиките на меѓународната заедница
Од кандидатите за членови на Судскиот совет немало приговори до Комисијата за спроведување на изборите што се одржаа вчера, во однос на начинот на гласање и на резултатите. Нови членови на Советот се Наќе Георгиев, судија од Врховниот суд, и Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд Скопје. Тие ќе го комплетираат 15-члениот состав на Судскиот совет. Комисијата за избор на членови на Судскиот совет се оградува од критиките на меѓународната заедница …

Комисијата за избор на членови на Судскиот совет се оградува од критиките на меѓународната заедница за реформите во правосудството и за работата на советот на судии.
„Не можеме ние да даваме толкување по овие прашања“, изјави претседателот на комисијата Јакупи. Додаде-ние сме избрани само да ги спроведеме изборите, за тоа треба да се обратите до Судскиот совет.
Според него изборот на Наќе Георгиев од листата на врховните судии за член на Судскиот совет, со помалку од половина гласови на судиите од листата на Врховниот суд е легитимен.
Без коментар од страна на телото за констатација на мандатите на новите членови на Судскиот совет-колку е релевантен овој избор и колку ја оправдува довербата во правосудството. Георгиев беше единствениот кандидат на листата и е избран со само 6 гласа за, 7 неважечки и 3 празни гласачи листи од вкупно 16-те врховни судии кои требале да се изјаснат.
За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје од управните судови е избрана Антоанета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје. И за Димовска не стивнуваа гласините за нејзината роднинска поврзаност со високи функционери од власта.
Дел од претходните членови на Судскиот совет поднесоа оставка, дел беа разрешени и поради низата скандали и квалификации за политички притисоци и бизнис интереси.
Марина Стојанова Тонева
