Македонија

Од ЦУК апелираат на поголема внимателност со отпушоците, множноста за пожари е голема

14.07.2023 14:11

Топлотниот бран што ја зафати земјава ја зголеми опасноста од појава на пожари. Граѓаните да не палат огнови во отворено...

Топлотниот бран што ја зафати земјава ја зголеми опасноста од појава на пожари. Државните ресурси се ставени на готовс – уверуваат од Центарот за управување со кризи . Ова лето може да ги земеме предвид и авионите. Викендов, во случај на појава на пожар, во гаснењето би можело да се интервенира со четири хеликоптери и еден авион. Од ЦУК апелираат на поголема внимателност со отпушоците. Граѓаните да не палат огнови на отворено.

„Најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа. Таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме, но граѓаните треба да се бидат совесни, да бидат внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат којшто искри и да не се палат огнови. Премногу е топло, тревата брзо ќе се исуши, таа веќе е сува, но за неколку дена ќе биде барут сува, ќе биде лесно запалива, а има многу трева поради обилните дождови“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.

Граѓаните кои ќе бидат затекнати како палат оган на отворен простор или поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. Предвидени се кривични пријави и парични казни.

„Одржавме координација, координативна средба на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, донесовме неколку заклучоци, се искоординиравме. Комплетно ќе ја информираме јавноста, вклучително за бројот на вкупните државни ресурси и на локалната самоуправа и на централната власт. Но, авионите ќе бидат функционални ова лето, сите три авиони“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.

Пожарите кои пред две години го зафатија источниот регион оставија огромна штета. Обновата на Шумскиот фонд ќе трае со години.

 

Андријана Ѓурческа