Договорени активности за соработка меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија
Обвинителите и ревизорите заеднички ќе се борат против корупцијата. Челниците на двете институции се договорија да изготват план со активности кој подразбира следење и повратни информации за постапувањето по ревизорските извештаи како и едукација на обвинителите...

Обвинителите и ревизорите заеднички ќе се борат против корупцијата. Челниците на двете институции се договорија да изготват план со активности кој подразбира следење и повратни информации за постапувањето по ревизорските извештаи како и едукација на обвинителите.
Овој договор следува по изјавата на републичкиот обвинител Љубомир Јовески за потребата од формирање на Национален фронт за борба против корупцијата кој ќе обедини повеќе институции.
Откако дел од повиканите одговорија дека нема потреба од формирање на ново тело, бидејќи со корупцијата треба да се справуваат институциите секоја во рамки на своите надлежности, Јовески појасни дека идејата на обвинителството не е да се создаваат паралелни институции со постоечките, туку да се подобри меѓуинституционалната координација и размена на информации во функција на борбата против корупцијата.
