ЈО: Кривична пријава до нас нема дека иселеници примале плата од „Комунална хигиена“
Директорката на „Kомунална хигиена“, Косана Мазнева, во понеделникот рече дека во претпријатието имало случаи на лица кои возеле камиони во Германија, а се воделе како вработени и добивале плата, за што рече дека се поднесени пријави...

Oткако директорката на „Kомунална хигиена“, Косана Мазнева, во понеделникот рече дека во претпријатието имало случаи на лица кои возеле камиони во Германија, а се воделе како вработени и добивале плата, за што рече дека се поднесени пријави, Јавното обвинителство тврди – пријава со таква содржина нема кај нас.
„Самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето се должни тоа да го пријават до надлежните органи“, укажува Обвинителството. Оттаму потврдуваат дека има други поднесоци за превирањата во „Комунална хигиена“, чиишто наводи во моментов се проверуваат.
