ММФ ја пофали економијата, растот од 3,5% е остварлив

19.05.2014 14:52

Приватната потрошувачка сега е зајакната што придонесува за постепено повлекување на фискалниот стимулс...

Меѓународниот монетарен фонд очекува растот на македонската економија да се зајакне и смета дека предвидниот раст од 3,5 проценти е остварлив. Ова го истакна шефот на Мисијата на ММФ Ивана Владкова Холар по двонеделните разговори со претставници на Владата, Народната банка и приватниот сектор во Македонија. Потенцира дека постојат потенцијални надворешни ризици и порача дека фискалната политика треба да се фокусира кон исполнување на таргетот на проектираниот дефицит од 3,5 проценти од БДП.
 
„Приватната потрошувачка сега е зајакната што придонесува за постепено повлекување на фискалниот стимулс. Задржувањето на фискалниот дефицит на централната власт ќе биде важно за да се задржи одржливоста на долгот“, изјави Холар на заедничката прес-кофнеренција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов.
 
Оцените дека финансискиот сектор е стабилен, но дека не е препорачливо натамошно релаксирање на монетарната политика, особено имајќи предвид дека кредитниот пораст се забрзува, а резервите се намалуваат. Според Холар пазарот на труд останува отворено прашање и намалување на невработеноста треба да се врши преку поттикнување на соработката меѓу странските и домашните компании, како и да се применат нови вештини и технологии.
 
„Македонската економија има добар тренд на пораст. Минатата 2013 ја завршивме со 3,1 процент, а за годината очекувањата се дека тој ќе стигне до 3,5 проценти, што е пдообро од првично проектираното со Буџетот од 3,2 проценти. Порастот ќе биде добро избалансиран меѓу инвестициите и потрошувачката. Инвестициите главно ќе бидат поддржани со крупните инфраструктурни проекти, а зголемувањето на платите во јавната администрација и пензиите ќе ја ќе ја стабиизираат личната потрошувачка и тоа ќе биде основа за поизбалансиран раст во текот на оваа и следните години“, истакна вицепремиерот Ставрески.
 
Според него, фискалната полтитика е добро поставена и Владата останува на позицијата за одржување на фискалниот дефицит во умерени рамки.