Одбрана

Петровска: Уставните измени се прашање на државничка одлука

14.07.2023 16:27

Брзата интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучна важност за стабилноста и сигурноста на регионот. Во гостувањето во вестите на МТВ, министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека носењето на уставните измени е прашање за државничка одлука. Се согласува дека не ги носи само една партија, туку дека е потребен консензус. Идната година го исполнуваме и условот-минимум 2 насто од БДП за одбраната...

Уставните измени се прашање за државничка одлука и не треба и не ги носи само една партија туку е потребен поширок консензус, вели министерката за одбрана. Во гостувањето во вестите на МТВ, Петровска рече дека за неа, во формата како што се предложени тие не се проблем и дека се услов за натамошниот процес на евроинтеграции. Од опозицијата очекува државничко однесување. Кога сме на политички позиции, најмалку се важни политичките кариери.

Брзата интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучна важност за стабилноста и сигурноста на регионот. Од идната година земјите членки на НАТО ќе треба да извојуваат минимум 2 насто од БДП. Македонија и тој услов ќе го исполни, вели Петровска, потенцирајќи дека 33 проценти од парите за Одбраната се издвојуваат за опрема и модернизација на армијата. Во тек е набавката на нова опрема според стандардите на Алијансата.

Министерката за одбрана појаснува дека планирањето на Буџетот не се прави од денес за утре, туку е долгорочен процес. Неодамна во Собранието беше усвоен долгорочниот план за одбранбените способности на Македонската Армија. Документот е насока како ќе се користат парите во одбраната за јакнење на одбранбените капацитети.

 

Милчо Велески