несреќа
Двајца работници загинаа во Шипковица
14.07.2023 19:48
Станува збор за 63-годишник од Селце и 50-годишен државјанин на Албанија...

Попладнево во тетовското село Шипковица се случила несреќа. Загинаа двајца градежни работници откако врз нив паднал потпорен ѕид. Станува збор за 63-годишник од Селце и 50-годишен државјанин на Албанија. Несреќата во полиција била пријавена во 15.45 часот. Работниците се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале, а лекарите од итната медицинска помош кои пристигнале на местото можеле само да констатираат смрт.
На терен се врши увид за утврдување на причините за несреќата. Присутни се и пожарникари, како и претставници од трудовиот инспекторат.
