Почина родилката која скокна низ прозорец во ГАК
Пациентката која се породи на 28 јуни, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум...

Почина родилката која пред десетина дена се фрли од кат од скопска гинекологија откако претходно се породи со своето прво бебе. Пациентката која се породи на 28 јуни, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш била видена од психолог и не било нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од самоубиство.
39 годишната жена починала околу 21 часот на КАРИЛ каде, со тешки повреди, беше преместена по падот од Клиниката за гинекологија.
Бебето на родилката било пуштено од гинекологија и било во домот на семејството.
Веднаш по инцидентот на Клиниката за гинекологија беше пратен вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој покажал дека постојат пропусти во делот на прегледите кои биле побарани за родилката.
