Зеленски: Ќе продолжиме со притисокот за меѓународна поддршка
Украинскиот претседател Зеленски рече дека „руските сили на нашите јужни и источни територии инвестираат сè“ за да ја запрат украинската контраофанзива...

Украинскиот претседател Зеленски рече дека „руските сили на нашите јужни и источни територии инвестираат сè“ за да ја запрат украинската контраофанзива. Меѓудругото рече и дека украинската Влада „сè уште не го завршила“ притисокот за меѓународна поддршка.
„Сите мора да разбереме многу јасно дека руските сили на нашите јужни и источни земји вложуваат сè што можат за да ја запрат нашата војска. Секои илјада метри напредување, секој успех на нашите борбени бригади заслужува благодарност. Секој што оди во офанзива и што одбива непријателски напади, врши одлична работа и јас сум благодарен на секој од нашите војници“, Володимир Зеленски – претседател на Украина.
