Гватемала
Протести поради неизвесноста по изборите во Гватемала
15.07.2023 09:40
Толпата се собра пред канцеларијата на Јавниот обвинител барајќи од Државниот обвинител и од шефот на Специјалното обвинителство да се повлечат...

Десетици жители на Гватемала на улиците на главниот град на протести против најновите случувања на претседателските избори. Толпата се собра пред канцеларијата на Јавниот обвинител барајќи од Државниот обвинител и од шефот на Специјалното обвинителство да се повлечат.
„Мислам дека тоа е потсмев за народот затоа што тие знаат дека ги прекршиле законите на Уставот, не ги прават работите како што треба“, изјави еден од жителите.
„Протестирам против начинот на кој јавните обвинители ја користат својата моќ за да ги криминализираат луѓето кои ја вршат својата работа правилно“, додаде друг жител.
