Металуријата во сериозни проблеми
Металургиските компании во моментот се борат за континуитет во производството што ќе им ги намали трошоците и ќе им овозможи да останат конкурентни...

Металургијата се соочува со сериозни проблеми, производството е преполовено, извозот е едвај на ниво од лани, оценуваат од здружението на металургија.
Металургиските компании во моментот се борат за континуитет во производството што ќе им ги намали трошоците и ќе им овозможи да останат конкурентни.
Светската металургија е во криза како резултат на светската криза во економијата. Последиците на оваа криза силно ја погодија металургијата. Поради кризата има намален квантум на нарачки особено од Европската унија која силно е погодена, изјави Митко Кочовски, претседател на Здружение на металургија при СКМ.
