Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики
Застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во здравствениот дом „Касандра“. Еден од двајцата, 39-годишен e мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата „Полигирос“.

Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во здравствениот дом „Касандра“. Еден од двајцата, 39-годишен e мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата „Полигирос“. Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмениот апартман во којшто престојувале и пукале во нив.
Во убиениот 39 годишник кој, според информациите на грчките медиуми бил сопственик на казино, биле испукани повеќе куршуми. Тој најверојатно бил придружуван од женско лице. На местото на нападот полициските екипи пронашле повеќе од 20 чаури.
Тамошните медиуми веќе го употребуваат терминот „егзекуција“.
Фото: /Telegraf
