Крушево

Крушево: За комплетна санација на „Македониум“ треба меѓународна помош

15.07.2023 11:51

Споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево е симбол на непокорот, особено „Македониумот“ кој со години се соочува со протекување и влага и бара целосна обнова. Споменикот се одржува но неопходна е и меѓународна помош. Годинава се 120 години од Илинденското востание, а в година половина век од изградбата на комплексот...

„Македониумот“ во Крушево се санира и одржува, но му треба комплетна обнова за да запре протекувањето во Споменикот. Потребна е и меѓународна помош за ова исклучително историско обележје. Протекувањата се голем проблем напролет и наесен.

„Македониумот“ се одржува, а догодина ќе се реновира опкружувањето со сите обележја на Гумење. Но комплетната обнова е неопходна, а ги опфаќа трите целини од комплексот „Илинден“.

Годинава одбележуваме 120 години од Илинденското востание, а догодина се навршуваат 50 години од споменичниот комплекс Илинден, а споменикот „Македониум“ е завршната фаза во симболичниот израз за непокорот.

 

Елизабета Митреска