Европа

Топлотен бран во делови од стариот континент

15.07.2023 12:57

Европа под вршник, вклучен црвениот аларм. Енермно високи температури регистрирани на медитеранот. На Сицилија и Сардинија се очекуваат рекордни 48 целзиусови степени...

Топлотен бран ја погоди Италија. Се очекуваат температури меѓу 36 и 39 степени. Тоа сепак не ги спречи туристите да се дојдат во вечниот град. Властите за централна Италија објавија црвен аларм, а главниот град Рим е на врвот на листата на најжешките градови во земјата. Издадено е здравствено предупредување за постарите, ранливите и децата.

„Жителите на Рим се загрижени бидејќи климатските промени се чувствуваат се повеќе и повеќе секоја година“.

„Оваа топлина е секако проблем за најранливите. Минатата недела беше објавен извештај кој покажува дека во летото 2022 година во Италија починале 18.000 луѓе од ефектите на топлината, постари и ранливи луѓе. тоа е најголемата бројка во цела Европа“.

„Со денови црвениот аларм е на сила во различни италијански градови. Затворањето на завесите и престојот во затворени простории во најжешките часови од денот е совет на Владата. додека повеќето Италијанци се придржуваат до тој совет, туристите сè уште се изложуваат на ризик“.

„Жешки лета или не, Италија останува популарна. Земјата пречекува повеќе туристи оваа година од кога било досега“.

На Сицилија и Сардинија се очекуваат рекордни 48 степени целзиусови, што е највисоката температура досега забележана во Европа.

Интензивен топлотен бран и во Шпанија, Франција, Германија и Полска. Во неколку земји поради горештините има итни мерки. Во Грција волонтери, лекари и здравствен персонал од Црвениот крст, им нудат вода и прва помош на граѓаните.

„Имавме многу инциденти, луѓето се онесвестуваат или им имаат вртоглавица затоа што не се грижат многу за себе, не носат капи што е многу важно. Треба да пиеме многу сокови и вода“.

„Денес е најтоплиот ден досега ова лето, многу е тешко да се работи во овие околности, се трудиме да пиеме многу вода и да правиме паузи како што прават спортистите“.

Ситуацијата е особено тешка за работниците, многу компании им дозволија на своите вработени да работат на од дома, за да ги заштитат од силниот топлотен бран што ја зафаќа земјата. Постои загриженост од шумски пожари, особено во области со силен ветер. Следната недела во Европа се очекуваат потенцијално рекордно високи температури, бидејќи се очекува нов топлотен бран.

 

Марина Ристова