ЈО: Издадена наредба за испитување на несреќата во Шипковица
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на самото место во Шипковица, каде што при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на самото место во Шипковица, каде што при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.
Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Бил повикан и Државниот трудов инспекторат кој треба да изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, велат од Јавното обвинителство.
