Колумбија: 32 деца загинаа во експлозија на автобус
Најмалку 32 деца на возраст од 1 до 8 години загинаа на северот од Колумбија кога експлодирал автобусот којшто ги превезувал. Во несреќата се повредени и 23 деца и едно возврасно лице коишто се здобиле со изгореници. Тие се хоспитализирани и се во критична состојба. Полицијата ја истражува несреќата.

„Еден човек спасуваше неколку девојчиња. Едно од девојчињата му ги подаде рацете, но огнената стихија не му дозволи да го извлече детето од автобусот. Беше страшно, беше пеколно искуство“, вели еден очевидец.
Причината за несреќата се уште е непозната. Според очевидци, возачот на автобусот, којшто избегал по несреќата, превезувал контејнер со бензин.