Струмица

Во Струмица протест против отворање рудник на планината Огражден

15.07.2023 15:11

Во Струмица се одржа протест против отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“- Штука на планината Огражден. Еко активистите се разочарани и гневни на Владата која донесе одлука за спојување на две концесии. Одлуката ќе се преиспита соопшти министерката Каја Штука а граѓаните порачаа дека во струмичката котлина рудник не е потребен.

Стоп за рудници. Вака скандираа еко активистите од струмичко откако Владата донесе одлука за спојување на двете концесии за експлоатација на бакар и злато кај Иловица на Огражден. Нам ни треба здрава животна средина и земјоделство.

Протестот го организира еколошките друштва Здрава котлина и Еко долина. Тие порачаа дека не им требаат корумпирани политичари и судии кои не работат во интерес на народот.

На протестот во Струмица се појавија и министерките за животна средина и труд и социјална политика кои уште еднаш кажаа дека владејачката СДСМ е на страна на народот и донесената владина одлука ќе се преиспита.

Во јуни владата донесе одлука за спојување на две концесии а Управен суд ја поништи одлуката на Владата за одземање на една од концесиите.

 

Ване Трајков