Со реновирање на последните стари живеалишта, битолската Зоолошка градина ќе го добие комплетниот изглед
Во последните неколку години забрзано се работи на подобрување на условите и изгледот на битолската Зоолошка градина. Со градежните активности во претстојниот приод, ќе се реновираат и санираат последните стари живеалишта, со што зоолошката ќе го комплетира својот изглед...

Со својата местоположба, релјефна структура, разни видови животни и детскиот забавен парк, Битолската зоолошка е една од малкуте места каде што битолчани можат да го поминат своето слободни време.
До пред неколку години условите беа далеку полоши од моменталните, а посетеноста мала. преку проекти, донации и сопствени средства, зоолошката доби модерен изглед, а животните подобри услови. Поставена е и дополнителна заштитна ограда, за поголема безбедност на посетителите.
Постојано се работи на подобрување на условите за живот како и зголемување бројот на животни кои можат да се видат.
Во претстојниот период, следи обнова на уште неколкуте стари живеалишта, со што ќе се комплетира целосно изгледот на зоолошката-вели Мирчевска.
Зоолошката која постои повеќе од 70 години, и каде можат да се видат околу 350 единки од над 70 различни видови, со подобрените услови и изглед, само во првата половина од оваа година привлече над 600 посетители.
Александра Максимовска
