Застрелани македонски државјани на Халкидики
Двајца македонски државјани застрелани во грчкото летувалиште Ханиоти. Едниот смртно, другиот со тешки повреди префрлен во болница. Извршителите избегале од местото на настанот. Се истражуваат причините за вооружената пресметка...

Маскирани со качулки на главите, двајца непознати сторители се обиделе да ликвидираат двајца македонски државјани во Грција.
Дел од куршумите смртно го погодиле 39 годишниот скопјанец кој починал кратко време потоа, додека неговиот пријател на возраст од 45 години со огнострелни рани завршил во болница. Настанот се случил 3 и пол часа по полноќ, во грчкото летувалиште Ханиоти.
Преку македонската амбасада, МНР стапило во контакт со солунската полиција од каде добиле потврда за настанот.
Анита Димитријевска Велковска
