Зголемена фрекфенција на граничниот премин „Меџитлија“
Двојно зголемен бројот на луѓе кои во летните месеци го минуваат граничниот премин „Меџитлија“. Покрај битолчани, во колоните возила има регистарски таблички и од останатите градови, но и од соседните земји...

Со почетокот на летото и годишните одмори рампите на граничниот премин „Меџитлија“ посебно на излез речиси и да не мируваат. Уште од раните претпладневни часови, колони од возила кој главно се упатуваат до грчките туристички места.
Протокот на возила и луѓе е како во времињата од пред пандемијата велат од полициската станица. Ако во минатите месеци на влез и излез дневно се регистрираа околу 3.000 патници, летово во обичните денови фреквенцијата е поголема за 100 проценти а во викендите и празниците и за 150 проценти.
Освен битолчани, кој традиционално за викенд одат на некој од егзотичните плажи во колоните и возила со регистарски таблички од останатите градови. Не е мал бројот на оние кои се од соседните земји и кој го користат овој граничен премин за побрзо да стигнат до одредените туристички дестинации.
И покрај долгите колони за излез не се чека повеќе од 15-наесет минути благодарение на одличната организираност на полициските и царинските службеници кои за викендите работаат и со зголемен број на луѓе.
Стевче Митревски
