Вселенска патрихархија
Премиерот Ковачевски на средба со Вселенскиот патријах Вартоломеј
15.07.2023 17:38
Во соопштението од Цариградската патријаршија, се вели дека македонскиот премиер бил во приватна посета...

Премиерот Димитар Ковачевски во Фанар во Истанбул се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Во соопштението од Цариградската патријаршија, се вели дека македонскиот премиер бил во приватна посета.
„Премиерот Ковачевски беше примен од неговата светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и двајцата имаа можност, во срдечна атмосфера, да разговараат за прашања од заеднички интерес“ пишува во соопштението.
