Делегација на ПССЕ за два месеци доаѓа во Македонија да разговара за изборите

19.05.2014 15:33

Европските парламентарци, со македонските авторитети ќе разговараат за спроведените претседателски и парламентарни избори, но и за одлуката на опозицискиот СДСМ да не ги прифати мандатите...

За два месеца, тричлена делегација од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), доаѓа во државава. Европските парламентарци, со македонските авторитети ќе разговараат за спроведените претседателски и парламентарни избори, но и за одлуката на опозицискиот СДСМ да не ги прифати мандатите.
 
„Се формираше таканаречена пост-изборна мисија што многу ретко се случува во Парламентаното собрание на Советот на Европа. Оваа мисија има за цел да дојде во Македонија во следните два месеци, и да разговара првенствено со Социјалдемократите и да им укаже на заклучоците на Парламентарното собрание коишто ќе бидат финално усвоени во јунската сесија и да ги повика да се вратат во Собранието“, информираше претеникот Александар Николоски.