Матка

Спас од горештините на кањонот Матка

15.07.2023 15:07

Пеколните температури ги испразнија улиците. кањонот Матка е едно од местата каде што граѓаните можат да избегаат од вршникот. На ова излетничко место можат да се забележат и голем број странски туристи...

Бројни туристи но и домашни гости спас од горештините бараат во убавините на кањонот Матка. На 15 километри од главниот град гордо се извишуваат вертикалните карпи кои во себе кријат бројни пештери но и антички храмови и средновековни цркви и манастири. Студената вода е рај за капачите и бегство од температурите од над 40 степени во најжешките летни денови.

Температурата на водата во езерото Матка е константно 7 до 9 целзиусови степени, а температурата на воздухот на лето е за околу 9 степени пониска од онаа во градот.

Подеднакво привлечен и за вљубениците во културата и за оние кои сакаат природа, за авантуристи или обични посетители, Матка е место кое во себе чува неоткриени длабочини и тајни. Совршено прибежиште од секојдневните рутински активности и автентично уживање покрај смарагдно зелената боја на водата.

 

Александра Спировска