Велес

Студенти волонтери од САД, Канада и Кина работат на летната школа за археологија во локалитетот Стоби

16.07.2023 09:19

Летната школа за археологија работи на објектот „Затвор“ во античкиот локалитет Стоби. Се истражува неговата намена. На летната школа за археологија работата 19 студенти од САД, Канада и Кина...

Во античкиот локалитет Стоби во тек е 11 сезона од Меѓународната школа за археологија. Оваа година, археолошките истражувања се одвиваат со учество на 19 студенти и волонтери од САД, Канада и Кина. Активностите се фокусирани на објектот наречен „Затвор“, чија намена и хронологија се непознати, како и на уште две куќи кои биле прилепени на неговите ѕидови во 6-от век.

Преку директна теренска работа, учесниците ги учат основни методи на археолошки ископувања и документација. Програмата вклучува и предавања на различни теми, поврзани со истражувањата во Стоби, а ќе бидат реализирани и едукативни екскурзии во Охрид, Битола и Скопје.

Студентите работат четири седмици, ангажирани се преку Фондацијата Балканско наследство, која е партнер на НУ Стоби.

Меѓународната школа за археологија завршува кон крајот на месецов.

 

Петар Печков