Традиција
Викендов се одржува 60-то јубилејно издание „Галичка свадба“
16.07.2023 09:30
Традицијата продолжува. Денеска се одржува 60-то јубилејно издание „Галичка свадба“. На манифестацијата присуствуваат гости од земјава и од странство...

Викендов се одржува јубилејното 60-то издание на галичка свадба. Овогодишниот зет е Оливер Андреевски, а невеста е Елисавета Булоска. Многу гости од земјава и од странство присуствуваат на манифестацијата. Денеска во село има посебни сообраќајни правила.
Можат да влегуваат само возила со посебни пропусници, додека сите други гости и посетители нивните возила ќе треба да ги паркираат на стадионот во Галичник, наведуваат од СВР Тетово.
Посетителите кои ќе доаѓаат со минибуси и комбиња ќе треба да се паркираат на споредниот пат за соседното село Лазарополе.
