Високите температури продолжуваат и денеска
Лекарите препорачуваат да не се излегува на отворено во критичниот период од 11 до 17 часот, да се пијат течности, да се консумира лесна храна, да избегнува физичка активност на отворено, а хронично болните редовно да ја земаат препорачаната терапија.

Земјава и денеска е во портокалова фаза. Се прогнозираат високи температури до 40-от степен.
Лекарите препорачуваат да не се излегува на отворено во критичниот период од 11 до 17 часот, да се пијат течности, да се консумира лесна храна, да избегнува физичка активност на отворено, а хронично болните редовно да ја земаат препорачаната терапија.
Се уште важат и препораките од Министерството за здравство, возрасните лица и бремените жени да бидат ослободени од работните обврски. Подрачјето на нашата земја и во наредниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
