Украина

Напад со беспилотно летало на Крим

16.07.2023 10:14

Руските сили за противвоздушна одбрана и флотата во Црното море одбиле напади со украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол...

Руските сили за противвоздушна одбрана и флотата во Црното море одбиле напади со украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол. Соборени биле 2 летала, а 5 беа уништени. Според информациите во градот сега е мирно.

„Нашата флота, во соработка со силите за противвоздушна одбрана, одби напад на непријателски беспилотни летала врз Севастопол над морето во областа на заливот Херсонес, во областа на заливот Севастопол и Балаклава“, изјави Михаил Развозаев - гувернер на Севастопол.