САД

Опасен топлотен бран ја зафати Аризона

16.07.2023 10:27

Националната метеоролошка служба објави дека високата температура во меса била блиску до 45 степени целзиусови, а опасната жештина ќе продолжи до средината на следната недела...

Топлотен бран ја погоди централна Аризона, вклучувајќи го и градот Меса. Националната метеоролошка служба објави дека високата температура во меса била блиску до 45 степени целзиусови, а опасната жештина ќе продолжи до средината на следната недела.

Синоптичарите предупредуваат да се преземат мерки на претпазливост и да се откажат активности на отворено во текот на денот.