Како функционираат мешаните полициски патроли со ФРОНТЕКС во Македонија
Од април годинава во сузбивање на илегалните мигранти и криумчари во нашата држава вклучени се и полициски службеници од Фронтекс. Тие заедно со македонската гранична полиција ги обезбедуваат границите но и патролираат по македонските патишта. Како функционира работењето на ФРОНТЕКС и кои се резултатите од репортажата што ја направи националниот сервис.

Од април годинава околу 120 полицајци од ЕУ се дел од заедничките полициски патроли во рамките на Фронтекс кои вршат контроли по македонските патишта и граници за да се спречат мигранти но и криумчари.
Насоките доаѓаат од командниот штаб од Кавадарци, каде се прават анализи на ризик, стратегија и насоки за теренско излегување на мешаните патроли по однапред утврден план на кои локации.
Мешана полициска патрола затекнавме на автопатот „Пријателство“ кај Демир Капија. Во заеднички настап вршеа контрола на секое сомнително возило. Детално се проверуваа а вклучено беше и полициско куче.
Главната цел е зацврстување на безбедносните мерки и да се сузбие на таканаречената западна балканска рута, која беше актуелна за миграцијата и крумчирањето на мигранти велат од Фронтекс. Винченцо Пепе од Фронтекс вели дека македонските полицајци ги водат контролите а тие помагаат.
„Заедничките полициски патроли добиваат информации и од соседна Грција. Секоја патрола брои од 3 до пет полицајци. Тие патролираат и долж македонско грчката граница. Богев вели дека токму овие контроли предизвика и намалување на миграцијата“, изјави Винченцо Пепе-офицер при Фронтекс.
Статистиката за последните 6 месеци покажува дека откриени се 5 илјади и 18 мигранти од кои најмногу кои влегле од грчката граница. Паралелно намалени се и откриените случаи на криумчарење на мигранти. За првото полугодие годинава откриени се 36 случаи што е за речиси 17 отсто помалку од истиот период лани.
Ване Трајков
