Жестоки напади во повеќе украински градови
Жестоки руски напади во повеќе украински градови. Со беспилотни летала нападнато и кримското пристаниште Севастопол. Соборени биле 2 летала, а 5 беа уништени...

Руските сили за противвоздушна одбрана и флотата во Црното море одбиле напади со украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол. Соборени биле 2 летала, а 5 беа уништени. Според информациите во градот сега е мирно.
„Нашата флота, во соработка со силите за противвоздушна одбрана, одби напад на непријателски беспилотни летала врз Севастопол над морето во областа на заливот Херсонес, во областа на заливот Севастопол и Балаклава“, изјави Михаил Развозаев - гувернер на Севастопол.
Руското Министерство за одбрана објави снимка на која наводно се гледа артилериска единица како пука во насока Доњецк кон украинските позиции.
Министерката за финансии на САД, Јелен, за време на патувањето во Индија, рече дека завршувањето на војната во Украина е единственото нешто што може да се направи за глобалната економија.
„Завршувањето на оваа војна е пред сè морален императив. Но, тоа е и единственото најдобро нешто што можеме да го направиме за глобалната економија. Нашата поддршка од коалицијата за Украина е недвосмислена. САД ќе стојат со Украина сè додека е потребно и знам дека сојузниците и партнерите во нашата коалиција исто така ќе го сторат тоа. на Украина и ја даваме потребната поддршка за да може да се бори за слобода и за нејзиниот суверенитет“, изјави Џенет Јелен - министерка за финансии на САД.
Рече и дека САД ќе продолжат да го прекинуваат пристапот на Русија до воената опрема и технологии кои и се потребни за војната против Украина.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на средба со украинскиот претседател Зеленски, вети хуманитарна помош и помош за обнова и повеќе воени резерви за Украина.
„Изразувам длабоко сочувство до невините украински граѓани и за младите украинци кои ги дадоа своите животи за да ја одбранат слободата од илегалната агресија на Русија. Јужна Кореја ќе продолжи да и обезбедува воена и хуманитарна помош што му е потребна на украинскиот народ што е можно побрзо преку блиска комуникација меѓу нашите две земји“, додаде Јун Сук Јеол - претседател на Јужна Кореја.
Тоа е негова прва посета, откако Русија ја нападна Украина пред речиси 17 месеци.
Марина Ристова
