Масовна посета на изложбата на дела од Салвадор Дали во галеријата Остен
На три години сакав да бидам готвач. На пет години, Наполеон. Мојата амбиција постојано растеше и сега сакам да бидам Салвадор Дали. Така запишал најконтроверзниот шпански уметник на 20 век. И денес, неговото творештво предизвикува возбуда и атракција кај ликовната публика во светот. Токму како и овие дела поставени во галеријата Остен...

Салвадор Дали е маркантна фигура во светското сликарство и има извршено големо влијание врз уметниците кои сеуште го бараат својот сопствен израз. Дали е нивна голема инспирација. Затоа мислам дека е многу важна оваа изложба на графики и цртежи во Галеријата Остен, и за уметниците и за пошироката јавност.
Големиот сонувач говорел –не ми е важно моето име да кружи низ светот. Светот треба да се врти околу мене. А денес две ипол децении по неговата смрт, светот го слави насекаде по музеите и по ликовните центри.
По повод Денот на Европа, 9-ти мај секоја година се организира изложба на некој познат автор кој оставил белег на европската и светската уметничка сцена. И оваа година, освен тој повод кој традиционално го правиме со Делегацијата на европската комисија во Скопје и со Општина Центар, овојпат се надоврзуваме на 25 годишнината од смртта на Дали. Значи, имавме двоен повод, а освен тоа ние во Остен ја промовиравме и малата галерија за камерни изложби.
На изложбата во Скопје, Остен ни презентираше дел од својата колекција со потписот на Дали. Јавноста има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од неисцрпниот сликар, скулптор и фантазер.
Очекувавме многубројана публика, но се случи масовна посета, река од луѓе. Радува тоа што и после отворањето секојдневно доаѓаат многу посетители.
Остен музејот на цртеж е единствен во светот. Неговата колекција брои илјада цртежи, графики, платна и скулптури. А тоа е основа за понатамошно собирање и проучување на делата на автори од целиот свет.
Наша следна манифестација е Светската Галерија на карикатури. Отворањето е на 29 мај. Во септември се подготвуваме за Биеналето на цртеж, а до крајот на годината ќе имаме уште многу средби со македонски и странски уметници.
Лидија Мешкова
