Софија

Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија

16.07.2023 16:54

„Бугарија нема нови услови. Сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформите и напорите за градење добрососедски односи“ – став на бугарското МНР. Го очекуваат првиот чекор – уставните измени...

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение, по бројните медиумски прашања дали Софија има дополнителни услови покрај уставните промени.

Патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ има јасно поставени параметри. Преговарачката рамка, која ќе и биде претставена на Северна Македонија по завршувањето на фазата на отворање на пристапните преговори, како што е договорено од Советот на ЕУ, конкретно ги поставува принципите со кои се регулираат овие преговори, соопштуваат од бугарското МНР.

Од бугарското МНР потсетуваат дека Софија бара институциите да ја докажат сериозноста со која планираат да гонат злосторства од омраза против бугарите во Северна Македонија, како случајот Пендиков.

 

Ирина Гелевска