Вимблдон

Карлос Алкараз по епско финале го освои Вимблдон

16.07.2023 20:06

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ понудија фантастично финале во кое имаше одлични поени и голема борба, каква што доликува на Вимблдон, а на крајот по епска битка која траеше четири часа и 46 минути славеше 20-годишниот Шпанец за кого ова е прва титула на Вимблдон.

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ понудија фантастично финале во кое имаше одлични поени и голема борба, каква што доликува на Вимблдон, а на крајот по епска битка која траеше четири часа и 46 минути славеше 20-годишниот Шпанец за кого ова е прва титула на Вимблдон. Седумкратниот освојувач на Вимблдон финалето го започна фуриозно. Играше речиси без грешка и ја користеше секоја можност којашто ќе му ја пружаше помладиот ривал.

Не изгледаше дека ќе гледаме ваква битка откако Ѓоковиќ доминантно го започна мечот и поведе со 5:0 во гемови кога Алкараз го освои првиот гем, Ѓоковиќ го следниот го заврши со убедливи 6:1.

Победник на 136 издание на Вимблдон е Карлос Алкараз во едно епско финале со 3:2 во сетови против Новак Ѓоковиќ.