Скок во далечина

Тетовецот Агрон Хајредини се закити со златна медала на Специјалната олимпијада во Берлин

16.07.2023 20:12

Тетовецот Агрон Хајредини се закити со златна медала на Специјалната олимпијада во Берлин. Тој како дел од македонскиот тим параолимпијци, се натпреваруваше во категоријата скок од место. Тренира во лоши услови, но тоа не беше пречка да ја оствари десетгодишната посакувана цел...

35 годишниот тетовец Агрон Хајредини, лице со церебрална парализа, 10 години упорно тренира атлетски дисциплини, но трудот на крај му донесе успех.

Тој од Специјалната олимпијада во Берлин како дел од македонскиот тим се врати со златен медал. Во дисциплината скок во далечина од место, беше најдобар од 16 натпреварувачи ширум светот.

„Знаев дека еден ден ќе се вратам со злато“, вели Хајредини.

Неговиот тренер, вели дека Хајредини е упорен и го сака спортот. Во Берлин се натпреварувал и на трка од 50 метри, на која за малку му „побегнала“ бронзата, па завршил на четврто место.

И не само Агрон, многу лица со посебни потреби го сакаат и уживаат во спортот. Но, се повеќе се откажуваат оти нема услови, вели неговиот тренер параолимпиец Ифраим Љута.

Тренираме на спортскиот терен од Тетовскиот универзитет, кој е нерамен и создава проблеми, но и повреди.

Општината и централната власт имаат обврска да помага и создава услови за оваа категорија граѓани, додава Љута.

Македонските олимпијци на Специјалната олимпијада во Берлин освоија пет медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.

 

Зоран Димовски