Нова полемичка книга на Санде Стојчевски „Занесот и разбирањето“
Еден од маркантните претставници на современата македонска литератира поетот Санде Стојчевски, покрај со пишување поезија во последниве 10 години се занимава и со прашања поврзани со природата на уметничкиот чин...

Современата македонска литература со децении наназад се збогатува со голем број дела од сите жанрови и родови, и тоа богатство создава потреба и можностистата да се согледува, коментира, да се толкува и анализира. Во тие толкувачки и интерпретаторски активности доаѓаат пак до израз најразличните разбирања и поимања на авторите на коментарот, на критиката на есејот, и натој начин современата македонска литература се збогатува со посебен вид на текстиови со полемички интонирани содржини.
Еден од маркантните претставници на современата македонска литератира поетот Санде Стојчевски, покрај со пишување поезија во последниве 10 години се занимава и со прашања поврзани со природата на уметничкиот чин, а неодамна ја објави својата најнова полемичка книга со наслов „Занесот и разбирањето“.
„Се случи пред десетина години да со еден современ македонски критичар и професор да влеземе во една полемика и таа доби навистина епски димензии, епски размери, ние од текстови по списанијата по весниците преминавме во допишување со книги и оваа книга е резултат на таа продлабочена дискусија и јас мислам дека во неа веке ги дадов тие завршни акорди бидејќи испишав околу седумстотини страници во таа полемичка расправа, а мојот опонент исто така и милам дека веке ги кажавме и позициите и онаа аргументација која би требало да ги зацврсти да ги објасни нашите позиции“, вели Санде Стојчевски.
Авторот Санде Стојчевски полемизира во име и во одбрана на поезијата, на естетиката, на уметничкото во зборот залагајќи се за автономност на уметничкиот чин.
„Литературата отсекогаш била поставена во ситуација да биде и во искушение, но и да биде на некој начин насочувана да врши некнижевни функции, некогаш оправдано, некогаш помалку оправдано но тоа редовно и се случувало да биде внесувана во самиот центар на драматични општествени, национални пред се револуции, битки, докажувања, идентитетски прашања што се разбира некогаш го правела и со задоволство бидејќи била дел од тие процеси, но тогаш таа видливо исчекорувала од сопствената патека бидејќи вршела една многу благородна, но општесвена , а не чисто книжевна функција. Jас се разбира го застапувам она стојалиште кое ја релаксира уметничката творба, уметничкото дело, го става само пред сопственото огледало да се спознае себе си, да се доживее од внатре, и да ја открие сопствената формула според која ќе се реализира, ќе се оствари“, објаснува Стојчевски.
Сонот или внатрешнопто чувство дека литературата т.е. поезијата треба да биде ослободена од секакви надворешни влијанија и целосно ослободена од улогата да насочува или порачува, авторот Санде Стојчевски ја носи во себе уште од својата прва книога кога во последниот стих вели„Некогаш ке кажам се во една песна“, а својата идна активност ја насо;ува одново и одново кон апострофирањето на големите уметнички вредности н а македонската народна поезија.
„ Јас во моите книги есеи сум ја објаснувал, сум ја толкувал македонската народна лирска поезија. Сакам да покажам и да докажам дека таму има големи естетски врвови, високи врвови и тоа го покажувам значи го кажувам,ќе се обидам да го покажам. На пример, да речеме кај Миладиновци, кога ќе почувствувам некогаш некаков книжевен замор, некаков вид депресија, е доволно само да ја ставам раката за зборникот на Миладиновци и чувствувате дека имате енергија како Антеј од земјата, значи тоа е една златна книга на македонската лирика и таму ги имате сите потези на големите мајстори на модерната европска лирика на најбравурозерн начин применети уште пред неколку века во нашата народна лирика. Значи ова може да звучинавистина на оној што нема да влезе,но ако влезе во тие песни,ќе види дека малку сум кажал со ова што го велам“, истакнува Стојчевски.
Гордана Куновска