Запрен сообраќајот на мостот од Крим кон Русија
Руските власти привремено го затворија мостот кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим, поради „вонредна ситуација“ во која загинале две лица...

Руските власти привремено го затворија мостот кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим, поради „вонредна ситуација“ во која загинале две лица. Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот.
„Во врска со вонредната ситуација на мостот на Крим како резултат на инцидентот, сообраќајот на мостот беше прекинат. Причините се разјаснуваат. Агенциите за спроведување на законот и Министерството за вонредни ситуации, Министерството за транспорт, Руската Федерација и Република Крим, работат на тоа“, информираше Вјачеслав Гладко, гувернер на регионот Белгород.
Кримскиот мост, отворен во 2018-та, беше цел на напади од почетокот на руската инвазија. Во октомври беше делумно затворен поради сериозни оштетувања.
